Искористи ја акцијата – кликни тука!

Viber icon

+389 76 306 396

Бесплатна достава за износи над 3000МКД!
logo

Политика за колачиња

1. ВОВЕД

Политиката за колачиња ги дефинира видовите колачиња што ги користи „ИНВЕНТИВЕ“ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: ИНВЕНТИВЕ), целта на нивната употреба, како и можностите за управување со колачињата и правата поврзани со обработката на личните податоци.

Заштитата на приватноста претставува приоритет, а сите процеси се усогласени со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

2. ШТО СЕ КОЛАЧИЊА

Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на уредот на корисникот при посета на веб-страници и апликации.

Тие овозможуваат непречено функционирање на страниците, унапредување на корисничкото искуство и персонализација на содржината.

3. ЗАКОНИТОСТ И ЦЕЛ НА ОБРАБОТКАТА

Личните податоци преку колачиња се обработуваат:

· врз основа на легитимен интерес на ИНВЕНТИВЕ за обезбедување на основните функционалности на веб-страницата и апликациите (неопходни колачиња),

· врз основа на согласност (за аналитички и маркетиншки колачиња кои не се неопходни).

Целта на обработката опфаќа:

· оптимизација на функционирањето на веб-страницата и апликациите,

· анализа на посетите и интеракциите.

4. ВИДОВИ КОЛАЧИЊА

Се користат следните видови колачиња:

· Неопходни колачиња – овозможуваат основно функционирање на веб-страницата и апликациите (на пр. најава, безбедна навигација). Овие колачиња се поставуваат автоматски и нивната употреба не е условена со согласност.

· Други колачиња – вклучуваат колачиња што се користат за аналитички и маркетиншки цели. Овие колачиња се активираат само доколку корисникот ја прифати нивната употреба.

5. ВИДОВИ ПОДАТОЦИ ШТО СЕ ОБРАБОТУВААТ

Во зависност од видот на колачињата и начинот на користење на веб-страницата и апликациите, може да се обработуваат технички податоци за уредот на корисникот и користењето на веб-страницата, како и податоци што можат да претставуваат лични податоци, доколку корисникот сам ги направил достапни при користење на одредени функционалности.

6. УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАЧИЊАТА

Корисниците во секое време можат да ги контролираат или избришат колачињата преку поставките на својот интернет-прелистувач. Во случај на одбивање на одредени колачиња, некои функционалности на веб-страницата може да бидат ограничени.

7. ИЗМЕНИ НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА

ИНВЕНТИВЕ го задржува правото да ја измени оваа Политика за колачиња, во согласност со важечките прописи и деловните потреби.